Кремаста тестенина со сос од вино, сланина и прокељ

0
277

Состојки:

300 г прокељ
3 чешниња лук
100 мл бело вино
300 мл павлака за готвење
40 г пармезан
50 г сланина
30 г путер
300 г тестенини
Сол, бибер
Магдонос
Масло

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Главичките прокељ исечкајте ги на половини, а потоа распоредете ги на хартија за печење, попрскајте ги со маслиново масло, сол и бибер, протресете ги и ставете во рерна да се шечат околу 15 минути.
3. Во меѓувреме сварете ја тестенината во солена вода.
4. Во тава стопете коцка путер, па додадете ја сланината, потпржете ја и додадете го ситно сечканиот лук. По една минута додадете го и виното и варете додека колиќината на вино не се смали на пола. Додадете павлака за готвење и добро измешајте. Варете на тивок оган, па додадете го пармезанот. Добро измешајте и тргнете го од огнот. Ставете и свеж сечкан магдонос.
5. Извадете го прокељот од рерна и додадете го во сосот.
6. Прелијте врз сварените тестенини.