Состојки:
1 главица кељ (околу 300 г)
1/4 шолјичка ситно сечкана сланина
4 шолјички супа од пилешка или говедска коцка
2 лажици маслиново масло
1/2 главица кромид
1/4 лажичка сол
1 средно јаболко
1 павлака
Свежо мелен бибер
Приготвување:
1. Добро измијте го кељот и исечете го на тенки ленти.
2. Во поглема тава пропржете ја сланината и додадете го кељот. По потреба додадете маслиново масло.
3. Варете се додека кељот не омекне, а потоа додадете ја супата и мешајте 10 минути на најниска температура.
4. Префрлете во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
5. Во истата тава кадешто се динсташе кељот ставете маслиново масло и пропржете го кромидот, додадете го исечканото јаболко и повремено мешајте околу 5 минути, односно додека јаболката не омекнат.
6. Префрлете ги јаболката и кромидот во блендер и мешајте додека не се добие пире.
7. Спојте ги двете смеси и измешајте убаво.
8. Послужете со кисела павлака.