Состојки:
Брокула
1 компир
1 морков
1 мала главица црвен кромид
Сол, црн пипер
Приготвување:
Во зовриена и посолена вода ставете да се варат компирот, морковот, кромидот и брокулата. Се разбира, на брокулата ѝ се доволни само 5 минути, а потоа извадете ја во чинија да се лади додека не се сварат и останатите намирници.
Потоа се ставете во блендер, зачинете по желба и послужете со павлака или со лимон, топла или ладна.
Забелешка: Овојпат беше премногу густа, па ви советуваме да додадете повеќе од водата во која се вареше зеленчукот.