Крем колач со батат

0
456

Состојки:

400 г пире од батат

1 л млеко

2 пудинзи од ванила

180 г шеќер

50 г густин

Малку рум

20 г желатин

500 мл слатка павлака

Кекси

Приготвување:

  1. Излупете го бататот, исечкајте го на ситно па сварете го во тенџере и потоа испасирајте го како пире.

2. Во поголем онец помешајте го пирето од батат, млекото, пудинзите, шеќерот, густинот и румот. Ставете ја смесата на оган и варете додека не се згусне (околу 10 минути).

3. Сварениот крем покријте го со проѕирна фолија и иставете го да се олади.

4. Желатинот подгответе го според упатството и оставете го да набабри.

5. Изладениот крем измешајте го со миксер додека не стане компактно па додадете го желатинот и повторно измешајте.

6. Одделно изматете 250 мл шлаг и додадете го во кремот.

7. Наредете ги кексите на дното од тепсијата, попрскајте ги со малку млеко па прелијте ги со подготвениот крем.

8. Измешајте го остатокот од шлагот и украсете го колачот.

9. Добро изладете.