Крем-карамел

Со ова нашите пријатели кои си ги „тераат“ сите пости, секако и претстојните-Велигденските, се честат за Прочка. А тоа не се пропушта, нели?

0
294

Состојки:

6 јајца

1 л млеко

100 г шеќер за смесата+200 г за карамелот (ако сакате, можете да го направите и поблаго, ама тоа што го пробавме ние беше сосема доволно благо).

Приготвување:

Се матат јајцата со шеќерот, ама како за кајгана, а не како за торта, па се додаваат во млекото и се разматува.

Се прави карамел и се става во секој сад на дното (тоа се специјални метални садови за крем-карамел, но ако немате, може да се употребат и обични филџани за кафе). Се става смесата од јајцата и млекото во садовите а потоа тие се ставаат во тепсија во која ќе ставите и вода, до половината од чашките.

Се ставаат во ладна рерна вклучена на 180 степени, а потоа температурата се намалува за да не зоврие водата. Се печат околу половина час, се вадат и се оставаат да се оладат. Потоа се превртуваат во мали чинии и се послужува.