Состојки:
Тиквички исечени настапчиња
3 цели јајца
Брашно
Пченкарно брашно или палента
Масло
Сол
Сос 1:
250 мл кисела павлака
100 мл јогурт
1 чешне лук
Сос 2:
свежо нане
павлака
Приготвување:
Изматете ги јајцата. Покријте ја тепсијата со хартија за печење.
Извалкајте ги стапчињата тиквички во брашно, па во јајцата и на крајот во пченакрно брашно или палента. Наредете ги врз хартијата, попрскајте ги со малкумасло и печете ги во загреана рерна на 180-200 степени околу 20-30 минути.
Сосовите пригответе ги такашто ќе ги измешате сите состојки.
Фоторафијата и рецептот се од ТУКА.