Крцкави и кремави компири

Кога ви треба храна за утеха, компирите подготвени на овој начин се најдобар избор, а со нив не ви треба ништо друго...најмалку месо.

0
426

Состојки:

1 кг компири

5 лажици путер

1 црвен кромид

3 чешниња лук

1 лажица зрнест сенф

400 мл кисела павлака

75 г рендан кашкавал

½ лажичка мускатно оревче

Сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени, a огноотпорниот сад во кој планирате да ги печете компирите, намрсте го со една лажица путер.
  2. Во едно поголемо тенџере растопете ги преостанатите 4 лажици путер на умерена температура. Додадете исечкан кромид и динстајте го 4-5 минути додека не стане проѕирен. Потоа додадете го лукот и динстајте уште 1 минута.
  3. Додадете сенф и павлака и почекајте сосот да зоврие. Додадете ги исчистените компири исечени на тенки парчиња и динстајте ги 4-5 минути. Зачинете со сол, црн пипер и мускатно оревче.
  4. Префрлете ги компирите во садот за печење и прелијте ги со сосот, а одозгора рамномерно распоредете го ренданиот кашкавал во еден слој и печете ги околу 25-30 минути.