Краставиците се поздрави отколку што мислевте

Овој освежителен зеленчук го штити мозокот, го намалува ризикот од канцерогени заболувања, се борат против воспаленија, богати се со антиоксиданси, го освежуваат здивот...

0
536

Краставиците му припаѓаат на истото семејство како и тиквите и лубениците и содржат 95 отсто вода, токму како и останатите билки од ова семејство.

Важат за летна намирница затоа што ни помагаат да останеме хидрирани и да внесеме во организмот повеќе течности. Сепак, поради мноштвото нутриенти кои ги сдоржат би требало да се јадат цела година. Тука се витаминот К, бакарот, калиумот, витаминот Ц и манганот. Покрај сите наброени нутриенти краставиците содржат и единствени полифеноли  и останати компоненти  кои можат да го намалат ризикот од многу хронични болести.

Зошто би требало да јадете што повеќе краставици?

Го штитат мозокот

Краставиците содржат антивоспалителни флавоноли кои се викаат фисетини и кои играат важна улога кога станува збор за здравјето на мозокот.

Тие помагаат за подобрување на помнењето и ги штитат нервните клетки од заборавноста која е поврзана со староста. Истражувањата покажале дека фисетинот е важен за превенција на Алцхајмеровата болест.

Го намалуваат ризикот од канцерогени болести.

Краставиците содржат и полифеноли кои се викаат лигнани и можат да го намалат ризикот од настанување на рак на дојка, матка или на простата. Исто така, содржат фитонутриенти кои исто така штитат од карцином.

Се борат против воспаленија

Со помош на краставиците можете да ги ублажите воспалителните процеси во организмот, а истражувањата кои се спроведени над животни, покажале дека екстрактот од краставица може дури и да ја спречи појавата на воспаленија.

Богати се со антиоксиданси.

Во краставиците има бројни антиоксиданти вклучувајќи ги и најпознатите, витамин Ц и бета каротен. Тука се и антиоксидансите флавоноиди како кверцетинот, апигенинот, лутеолинот и каемпферолот, а од сите нив нашиот организам има повеќекратна полза.

Го освежуваат здивот.

Ако ве мачи лош здив тоа лесно ќе го решите со помош на краставици. Исечете едно парче, ставете го во уста и држете го што поблизу до непцето за да ги убиете сите бактерии кои предизвикуваат лош здив. Според ајурведа, со јадењето на краставици се ослободува вишокот „врелина“ од стомакот за кој се верува дека е еден од причинителите на лошиот здив.

Го намалува нивото на стрес. Краставиците содржат повеќе витамини Б, меѓу кои се B1, B5 и B7 или биотин. Витамините од Б семејството се познати како  силни борци против стресот.

Го подобруваат варењето и здравјето на дигестивниот тракт.

Краставиците се многу богати со елементи кои се клучни за доброто варење, а тоа се влакната и водата. Ако ве мачи желудочна киселина, би требало да знаете дека пиењето вода може да ги ублажи акутните симптоми такашто привремено ја крева pH вредноста на стомакот, се верува дека водата од краставиците има еднаков ефект. Кората од краставиците содржи невпивачки влакна кои помагаат столицата да бида помека и поредовна.

Помага да ја одржите здравата телесна тежина.

Овој зеленчук содржи многу малку калории, а прилично заситува па е одлична ужина доколку сте на диета. Влакната кои се наоѓаат во краставиците се раствараат во нешто налик на гел во вашите црева и го забавуваат варењето. Сето тоа резултира со тоа што сте подолго сити и немате потреба за храна.

Добри се за здравјето на срцето.

Краставиците содржат калиум, кој се поврзува со снижениот крвен притосок, а избалансираното ниво на калиум во организмот е од голема важност за многу телесни функции.

Совети

Краставиците можат да бидат одлична основа за здраво смути и задолжително додавајте ги во вашиот утрински напиток. Се верува дека целерот и краставиците се една од најдобрите комбинации кога станува збор за зеленчукови сокови. Додавајте ги во различни салати, а од нив можете да правите и ладни супи кои се совршени за потоплите денови.