Крамбл со есенско овошје

Повторно лесно, едноставно и брзо, но со сезонско овошје

0
442

Состојки:

140 г брашно
100 г путер
4 лажици овесни снегулки
3 лажици кафеав шеќер
2 јаболки
2 круши
2 сливи
2 лажици суво грозје
1 лажица мед

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Натопете го сувото грозје во топла вода. Во голем сад помешајте ги брашното и путерот исечен на коцки. Мешајте ги со раце додека не добијат облик на лебни трошки, а путерот не се растопи. Додадете ги овесните снегулки, шеќер и цимет.
Исечкајте го овошјето и ставете го во тепсија за печење премачкана со путер.
Исцедете го сувото грозје и ставете го врз овошјето, капнете со медот а потоа прекријте се со трошките и маргаринот.
Печете 20-30 минути додека не добие златеста боја.