Еве уште еден рецепт за крамбл помеѓу многуте…но секој има нешто свое и поинакво.
Состојки:
Околу 400-500 г боровинки или некое друго овошје
околу 5 лажици шеќер (или количина по ваша желба)
2 лажици пченкарен скроб
200 г брашно
140 г путер
70 г шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 °C, а во меѓувреме помешајте го овошјето со шеќерот и скробот.
За поросување измешајте ги брашното, шеќерот и ладен изрендан путер и спојте се со раце за да добиете тесто во облик на трошки.
Ставете го овошјето во стаклен сад за печење, а одозгора ставете ги трошките и ставете да се пече околу 15 минути.