Состојки:
150 г кафеав шеќер
120 г брашно1 рака ореви
2 лажички цимет
120 г путер
500 г јаболка
500 г круши
1 рака суви брусници
2 лажици кафеав шеќер
2 лажички цимет
3 лажици мед
2 лажици коњак
Прстофат кардамон
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Ставете во еден сад брашно, шеќер, сечкани ореви и цимет.
3. Додадете ладен путер исечкан на коцки и се добро поврзете со рацете.
4. Во огноотпорен сад измешајте ги јаболките и крушите кои сте ги исечкале на саканата големина, додадете брусници, шеќер, цимет, кардамон, мед и коњак.
5. Добро измешајте.
6. Се заедно поросете со мешавина од брашно и ореви и ставете ги да се печат околу 20 минути.