Компири со куркума

Не треба да се претерува со зачинот затоа што има интензивен вкус и мирис. Доволно е да се додаде пола лажичка по јадење, и тоа пред крајот на готвењето за да се зачува лековитоста на овој зачин.

0
696

Во супите, сосовите, оризот и смесата за палачинки, вообичарена мерка е прстофат куркума во прав.

Состојки:

2,5 кг компири

Сол, црн пипер

1,5 лажичка куркума

Малку чили

4-5 лажици маслиново масло

Приготвување:

Варете ги компирите во солена вода најдолго 8 минути. Потоа извадете ги од тенџерето и префрлете ги во тепсија за печење. Зачинете ги со сите зачини и со малсиново масло.

Печете 40 минути во рерна на 200 °C .