Колку лук треба да јадете за да го нормализирате притисокот?

0
1316

Супстанцијата по која е најпознат лукот е алицинот. Освен што му дава специфичен мирис, алицинот служи и за редуцирање на маснотиите кои се собираат на ѕидовите на артериите. Имено, тој ја блокира активноста на ангиотенсинот, што ја спречува непосакуваната контракција на крвните жили и растот на крвниот притисок. Токму затоа лукот е совршен за здравјето на вашето срце и крвните жили. Бројни истражувања покажале дека е поделотворен кај оние што имаат што повисок притисок – толкава е неговата сила.

Како да се консумира лукот?

Најдобро би било да се консумира во свеж облик. Имено, кога ќе го здробите или исечкате, од лукот се испушта споменатиот алицин. Неговото делување се намалува со староста на лукот или со третирањето на лукот на високи температури. Алицинот е познат како прилично нестабилен спој заради што и не е достапен во чист облик како суплемент.

Дозата на лукот – варира

Повеќето чешниња тежат околу 3 грама. За да го превенирате високиот крвен притисок можете да консумирате дневно околу 1 грам лук. Секако, би требало да се консултирате со вашиот лекар околу количината на дневната доза на лук, особено ако користите некои лекови. Само со консумирање на лук нема да успеете целосно да го намалите крвниот притисок затоа што според стручњаците за такво нешто е потребно секојдневно да се јадат 30-тина чешниња лук. Наеднаш!

Наместо тоа, постои алтернатива, а тоа е лукот во таблети или капсули. Меѓутоа, доколку не ви пречи прилично специфичниот па и непријатен мирис на лукот, секако, дајте им предност на благодетите на свежиот лук.