Штетната состојка која некои ја нарекуваат и „смртоносна“, а речиси сигурно, секојдневно или барем доволно често, ја консумираме сите ние, бидејќи ја има во повеќе од половината производи што ги купуваме во супермаркетите, е палминото масло.
Авторот на текстот на оваа тема во BBC оди толку далеку што оваа состојка во бројни слатки, пецива и чоколади, па и козметички препарати како шампони и црвенила за усни, ги нарекува „смртоносни“. Но не за луѓето, барем не на оној директен начин, туку за некои видови кои живеат во пределите од кои ова масло се црпи.
Сместени на подрачјата со ниски тропски растенија, фармите на палмино масло често се градат на штета на прашумите. Токму од таа причина загрозени се бројни животински видови кои ги населуваат тие подрачја.
Во кои намирници се наоѓа палминото масло?
Маргарин, замрзната пица, инстант супи, чоколадо, леб и колачи се само некои од намирниците кои речиси сигурно содржат палмино масло, пишува BBC. На пописот додадете и некои житни снегулки, протеински плочки, кекси и млечни додатоци за кафе.
Се проценува дека ова растително масло кое најчесто се користи, се наоѓа барем во пола од производите достапни на полиците на супермаркетите. Со години неговата присутност се криела под различни имиња: palmytoil, palmitic acid, sodium kernelate, glyceryl… Но денеска, на повеќето пакувања, согласно со новите одредби, можете да го најдете под вистинскиот назив.
Она со што производителите најчесто ја објаснуваат неговата широка употреба, има до некаде смисол. Имено, палминото масло има висока точка на вриење, не содржи транс масти, а е и многу ефтино.
Но производството на палмино масло им прави голема штета на дождливите шуми – толку што некои стручњаци сметаат дека е тоа една од причините што бројни животни достигнале на листата од загрозени, како што е борнејскиот орангутан, предупредува Independent.
Контроверзно е и поради претпоставките дека потребата за масовно производство на масло во Индонезија довела до искористување на децата за работа на плантажите. Amnesty International предупредува дека во некои држави тоа е веќе надвор од контрола, а на фармите во меѓувреме почнале да работат деца од само 8 години.
Освен тоа, исчезнувањето на шумите ја сменило климата во одделни делови на светот. Но и покрај сето ова, ниската цена доведува до негова масовна употреба. Но колку е штетно за здравјето на човекот?
Штетност за човекот
Некои велат дека решението би било да се престане со користење на ова контроверзно масло. Но работите се толку едноставни. Како извор на заработка и вработување на милиони луѓе во дел од светот, плантажите на палмино масло обезбедуваат приходи за бројни домачинства – околу 5 милиони, пишува BBC. Исто така, постојат бројни поштетни опции за средината.
Водечките компании задолжени за производство на палмино масло се согласиле дека одржливите засади мораат да бидат решение за престанок на пошумувањето – ветувањето слабо се одржало, а бидејќи таквиот начин има за последица поголеми трошоци, денеска само 18% од произведеното масло настанале од одржливи засади.
А додека во својот „природен“ облик содржи бројни состојки добри за човековиот организам – богат извор на каротеноиди (витаминА), витамин Е, како и антиоксиданси – луѓето главно го консумираат во оној хидрогенизиран облик кој никако не е извор на здравје.
Консумирањето на неквалитетно палмино масло или она кое е неколку пати згаревано, го зголемува ризикот од срцеви болести, а наводно предизвикува и создавање наслаги на артериите, а ја зголемува и можноста за појава на згрутчувања.
Оние кои имаат покачен холестерол не би смееле да консумираат хидрогенизирано палмино масло затоа што тоа драстично го зголемува нивото на штетниот холестерол во крвта.
Фото: Pexels