Колкава е препорачаната количина црно чоколадо на ден?

Не, не е доволна онаа несфатлива една коцка црно чоколадо на ден (кој може да запре на 1 коцка?!) за да ги добиете сите здравствени придобивки од него.

0
313

За разлика од комерцијално достапните чоколади кои се полни со шеќер и сиромашни со антиоксиданси, темното чоколадо е вистински рудник на антиоксиданси. И бидете спокојни, не мора да застанете на 1 коцка дневно, бидејќи за една порција чоколадо се сметаат околу 45 грама на ден.

Темното чоколадо содржи големи количини флавоноиди благотворни за нашето здравје. Тие антиоксиданси ги има и во црното вино и во многу видови овошје и зеленчук, но се чини, сепак најмногу ги има токму во темното чоколадо.

Истражувањата покажуваат дека антиоксидансите од црното чоколадо можат да го подобрат крвниот притисок, да го спречат згрутчувањето на крвта, да ја забават оксидацијата на LDL холестеролот и да ги намалат воспалителните процеси.

Некои истражувања укажуваат на тоа дека 45 грама темно чоколадо на ден може да го намали ризикот од срцев удар за 10 проценти. Исто така, консумирањето на црно чоколадо може да ја намали инсулинската резистенција, главниот проблем кој стои зад дијабетесот.

Многу луѓе се декларираат себеси како зависници од чоколадо иако не може со сигурност да се утврди дека чоколадото создава зависност.

Имено, нивото на кофеин е премногу мала за да предизвика зависност, но сепак, некои истражувања укажуваат на благо опојни влијанија на чоколадото – намалување на стресот и чувство на блага, безопасна еуфорија.

Темното чоколадо е дефинитивно добро за здравјето, а колку е потемно, толку е подобро за вашето здравје.

Чоколадите кои содржат 70 проценти какао го поттикнуваат мозокот и кардиоваскуларниот систем зголемувајќи го протокот на крв, намалувајќи ги воспаленијата, покажало најновото истражување.

Темното чоколадо делува превентивно на ракот, срцевите болести, дијабетесот, деменцијата и депресијата. Исто така, го зголемува протокот на крв, ја помага работата на мозкот, влијае на помнењето, стресот и расположението.

Освен веќе познатите, постојат уште три позитивни влијанија на темното чоколадо за кои можеби не знаевте.

Детокс за кожата

Имате чувство дека кожата ви е мрсна, премногу се потите и немате убав тен? Напомош ви доаѓа чоколадото. Кога се комбинира со кофеин, темното чоколадо прави одлично пакување за детоксикација на кожата. Ја подобрува циркулацијата и ја негува кожата, делува како пилинг и ги отстранува мртвите клетки од кожата па го олеснува нејзиното дишење.

Ако се плашите од брчките, треба да знаете дека со темното чоколадо тие ќе бидат помалку видливи затоа што освен што флавоноидите ја штитат кожата од оштетувања предизвикани од сонцето, тие ѝ помагаат на кожата да ја одржи еластичноста и така ги спречува брчките. Исто така, ја олеснуваат регенерацијата на клетките, а тоа значи помлада кожа.

Анти-стрес

Чоколадото може да го снижи крвниот притисок – ова го потврдиле бројни истражувања. Тие покажале дека дури и мали количини темно чоколадо даваат сличен потенцијал за снижување на крвниот притисок во споредба со опсежните диететски мерки кои се покажале како делотворни за намалување на проблемите со крвотокот.

Здрави заби

Освен што едно јаболко дневно може да ги проретчи посетите на лекар и стоматолог, од голема помош може да ви биде и една коцка темно чоколадо (повторно таа 1 коцка).

Имено, 12 грама темно чоколадо на ден се доволни за зачувување на здрав заштитен слој на нашите заби.

Фото: Pixabey