Состојки:
4 јајца
200 г брашно од спелта
200 г брашно од овесни снегулки
200 г мелен рогач
2 лажици мед
100 г стопен путер
100 г стопено кокосово масло
200 мл јогурт
50мл кисела вода (по потреба)
400 г вишни
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
малку рум
Приготвување:
Се матат јајцата, па се додаваат медот, ванилиниот шеќер, румот, маслото и путерот и јогуртот. Се додаваат сувите состојки се меша и се истура смесата во подмачкана тепсија, се редат вишните и се пече во загреана рерна околу 40 минути.
Попрскајте го оладениот колач со шеќер во прав.