Колач со банани

0
363

Состојки:

100 г путер

130 г брашно

60 г какао

1 лажица сода бикарбона

1/4 лажица сол

100 г кафеав шеќер

60 мл млеко

Суво грозје и сечкани оревчиња по желба

1 ванилин шеќер

2 јајца

80 г чоколадо

3 зрели, изгмечени банани

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени, а тепсијата обложете ја со хартија за печење.

2. Во подлабок сад измешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Во друг подлабок сад додадете ги јајцата, млекото и ванилиниот шеќер и добро измешајте ги. Потоа измешајте ги двете смеси, по желба додадете суво грозје и сечкани оревчиња и додадете ги бананите.

3. Ставете ја смесата во тепсијата и ставете ја да се пече во рерна околу еден час.

4. Прелијте го лебот со стопено чоколадо и оставете го малку да се олади, па исечете и послужете.