Состојки:
(10 до 12 порции)
1 шолја путер, омекнат на собна температура
2 шолји шеќер
2 големи јајца
2 лажички свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка екстракт од ванила
2 1/2 шолји брашно
2 лажици желатин со вкус на јагоди
1/2 лажичка сода бикарбона
¼ лажичка сол
1 шолја густ јогурт
2/3 шолја исечкани свежи јагоди
готов крем од јагоди
свежи јагоди
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 175°С. Матете го путерот со електричен миксер на средна брзина додека не стане кремаст; постепено додавајте шеќер, матете 4 до 5 минути или додека не стане светол и мек. Додајте ги јајцата, едно по едно, матете да се замешаат со путерот и сокот од лимон и ванилата.
2. Во еден сад измешајте ги заедно брашното, содата, солта и желатинот од јагоди. Додавајте ја мешавината од брашно во сместата од путер наизменично со јогуртот, почнувајќи и завршувајќи со смесата од брашно. Матете со мала брзина додека состојките се помешаат. Додајте ги сечканите јагоди.
3. Намастете едно тавче од 33 см и набрашнете го. Ставете хартија за печење чии краеви се издигаат 5 до 7 см по страните на тавчето. Попрскајте со спреј за готвење или со малку масло. Префрлете го тестото во тавата и ставете ја во рерна.
4. Печете на 175°С од 30 до 40 минути. Извадете и изладете ја тавата на жичана решетка 30 минути. Извадете го колачот од тавата со користење на двете страни од хартијата како рачки. Свртете го колачот на решетката и внимателно отстранете ја хартијата. Оставете сосема да се излади (околу 1 час). Намачкајте одозгора и од страните со готов крем од јагоди или со шлаг во кој сте додале парченца јагоди.