Колач од бадеми, палента и лимони

Колач што мириса на лимон, па уште и со бадеми, верувајте, одличен е!

0
312

За да го направите овој колач најдобро е да најдете органски лимони. Прашокот за пециво можеби и нема да ви треба ако ги изматите белките во пена. Дел од путерот пак можете да замените со урда. Можете да употребите и друго јаткасто овошје, но најдобро е со бадeми.

Состојки:

250 г путер на собна температура

200 г шеќер

6 јајца

50 г мелени бадеми

75 г брашно

150 г палента

4 лимони, сок и рендана кора

1 лажичка прашок за пециво

Шеќер во прав за поросување

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот за колачот премачкајте го со путер
  2. Ирендајте ги сите 4 лимони, исцедете го сокот и оставете ги настрана.
  3. Изматете ги путерот и шеќерот. Додавајте едно по едно јајце и добро измешајте. Додадете ги бадемите, брашното, пецивото, палентата, кората од лимон и лимоновиот сок и измешајте.
  4. Ставете ја смесата во калапот и печете околу 45 минути. Изгаснете ја рерната и оставете го колачот внатре уште 5-10 минути и дури тогаш отворете ја рерната и оставете го со подотворена рерна додека не се олади.
  5. Кога ќе се олади, поросете го со шеќер.