Постојат намирници кои не се лесно расипливи и чиј рок на траење е неколку години ако се чуваат на правилен начин.
Бел ориз
Истражувањата покажале дека белиот ориз може да ја задржи својата нутритивна вредност и да остане свеж дури 30 години. Клучно е да го сместите во кутија во која нема да влегува воздух и да ја чувате на температура пониска од 20°C. Во споредба со белиот ориз, кафеавиот содржи повеќе влакна и природни маса заради што има и пократок рок на траење – околу 6 месеци.
Мед
Медот е дефинитивно една од најчесто користените намирници во светот. Многу е отпорен на бактерии па неговиот рок на траење е релативно долг. Стручњаците веруваат дека медот може да трае и неколку стотици години. Важно е да го чувате на суво и темно место.
Сол
Солта е минерал добиен иод Земјината кора. Ја отстранува влажноста од намирниците па често се користи за продолжување на рокот на траење на свежите намирници, особено на ммесото и рибата. Но не се исти видови на сол. Некои содржат јод, што го скратува нивниот рок на траење, но тој е и натаму реативно долг – околу 5 години.
Шеќер
Истражувањата покажале дека шеќерот во прав и гранулираниот шеќер имаат рок на траење неколку години. Иако на секоја амбалажа ќе најдете рок на траење, всушност можете да го користите и по истекот на рокот на траење.
Јаворов сируп
Стручњаците истакнуваат дека јаворовиот сируп може да трае и до неколку години. Ако сте забележале собирање на мувла на врвот, едноставно отстранете ја, преварете го сирупот и продолете да го користите без страв. Сирупот чувајте го во стакена тегла, на суво и темно место.
Грав
Баш како и оризот, гравот има долг рок на траење. Истражувањата покаае дека гравот може да ги задржи своите нутритивни својства неколку години. Учеството на протеини, витамини и минерали во гравот останува исто. Чувајте го гравот на суво и темно место, најдобро во хартиена кеса.
Јајца
Јајцата можат да траат со недели без оглед на тоа што го пишува на амбалажата. Ако не сте сигурни, секогаш можете јајцето да го ставите во тенџере со ода и да видите дали ќе потоне. Ако јајцето не потоне, тоа значи дека е расипано.
Месо и риба
Ако месото и рибата ги ставите во замрзнувач, пред истекот на рокот кој е отпечатен на амабалажата, ќе можете да го користите дури и посе некоку месеци. Единствено на што треба да внимавате е да не помине повеќе од еден ден од одмрзнувањето.
Млеко и јогурт
Луѓето се секогаш сомничави кога станува збор за млечните производи. Но млекото и јогуртот траат дури една недела по истекот на рокот на траење, особено, јогуртот.