Нема кој не слушнал или барем еднаш не јадел од најпознатото пилешко на светот кое само таму и на ниту едно друго место го нема тој специфичен вкус како во рестораните на Кентаки фрајд чикен. Вакви ресторани постојат во повеќе од 120 земји во светот, а ги има дури 16.000.
Станува збор за традиција долга речиси 90 години. Првиот ресторан го отворил полковник Харланд Сандерс, во 1930 година, во Кентаки. За првпат надвор од САД ресторан на Кентаки фрајд чикен бил отворен во 1956.година во Канада.
Полковникот Сандерс во 1942.година направил единствена мешавина од 11 видови билки и зачини која ја нарекол Оригинален рецепт кој го прави пилешкото месо од Кентаки фрајд чикен толку посебно. Рецептот за него е до ден денеска строго чувана тајна. Се наоѓа во сеф кој е строго обезбеден и до него имаат пристап само две личности.
Инаку титулата полковник Сандерс не ја добил во војска, туку станува збор за почесна титула која истовремено ја добиле 5 илјади жители на Кентаки. Пред оснивањето на брендот работел како пожарникар, адвокат, продавач на осигурување, а велат, дури и како акушер. Останал запаметен како почесен граѓанин и на денот на неговата смрт сите знамиња во Кентаки биле симнати на пола копје.
Најинтересниот податок врзан со брендот Кентаки фрајд чикен е оној за традиционалното одење во овие ресторани за време на Божик во Јапонија. Станува збор за маркетиншка кампања која почнала во 1974 година и порачувала: „Кентаки за Божик“. До денеска, во Јапонија Божик традиционално се одбележува во рестораните на Кентаки фрајд чикен кои специјално за празникот во својата понуда додаваат торта и шампањско.