Кои се трите најдобри фуд блогери на светот?

Нивните фотографии се вистински мали ремек дела, а храната што ја подготвуваат веднаш ќе ви отвори апетит. Запознајте ги првите тројца од десетте најдобри блогери на светот.

0
754

Фуд блогер не може да биде секој. Во тој креативен процес е потребно да се вложи многу време и труд, волја и желба, ќе ви каже секој успешен блогер.

Фотографирањето на храната често одзема повеќе време отколку што можеме да замислиме, а нетрпеливите домашни седнати на маса веќе ја чекаат својата порција. Јадењето се лади, зеленчукот нема доволно свежа боја, а понекогаш нема ниту соодветна чинија која дополнително би го истакнала јадењето.

Сепак, постојат оние супер луѓе на кои сето тоа им успева без многу мака, оние чии јадења секогаш изгледаат совршено и кои во главата го имаат секој детал од рецептот пред воопшто и да го испратат во интернетската сфера. Еве ги десетте најдобри светски блогери.

Генијални фотографии, одлични рецепти и едноставност се нивните карактеристики, а денеска ви ги претставуваме првите тројца кои не воодушевија со својата гастрономска креативност.

 | Author: Thinkstock

Зад блогот Minimalist Baker стои Дана од Орегон. Заедно со својиот сопруг Џон, таа го почнала блогот во 2012. Година, а со заеднички сили се испрофилирале во задолжителна станица за љубителите на храна, преполна со едноставни рецепти.

Нивната филозофија вклучува десет или помалку состојки, еден сад или тенџере и 30 или и помалку од 30 минути за подготвување. Покрај тоа, во своите рецепти користат состојки кои не содржат лактоза ниту глутен, а се фокусираат на поздрави варијанти со многу овошје и зеленчук.

Досега на Фејсбук страницата собрале повее од 220 илјади следбеници, додека нивниот Инстаграм профил го следат дури 858 илјади следбеници.

Самира за себе вели дека обожава храна, математика и патувања, а доказ за тоа е и нејзиниот фантастичен блог Alpha Foodie.

 | Author: @alphafoodie, Instagram

Оваа мајсторка за појадоци со лондонска адреса подготвува нецеројатни креации, а најчеста алатка ѝ е егзотичното овошје. Еден поглед на Инстаграм профилот Alpha Foodie и се ќе ви биде јасно – освен што е неодоливо креативна, оваа блогерка е и една од најтрпеливите.

Коцки, топчиња, складност на боите и облиците се дефинитивно нејзината посилна страна. Со својот блог се прославила па благодарение на истиот, заедно со другите популарни англиски блогери, неодамна имала можност да го запознае принцот Чарлс.

Блогот  The Boy Who Bakes крие неверојатна приказна за успех во гастрономскиот свет. Ед Кимбер рано сфатил дека корпоративниот свет не е за него и се свртел кон блогирањето. Победил во популарната англиска емисија The Great British Bake Off, а денеска пишува дури неколку колумни за различни списанија со гастрономска тематика, а и самиот издал неколку успешни готвачи. Исто така, тој е чест готин на телевизиските кулинарски емисии. Неговиот блог е во неколку наврати прогласуван за најдобар, а најголема гордост му е титулата најдобар англиски блог која му ја доделил Woman and Home Magazine.

Освен преубави и прекрасно декорирани јадења, Ед снима и видеа за да им ја олесни максимално подготовката на своите следбеници. За тоа колку добро изгледа секој негов десерт најмногу говорат високите броеви на социјалните мрежи, Инстаграм и Фејсбук.