Кои намирници треба да ги избегнувате во текот на зимата?

0
661

„Колку што ќе помине повеќе време помеѓу берењето на производите и нивната консумација, плодот има се помалку хранливи материи“, вели Елизабет Сомер, авторка на книгата Eat Your Way to Happiness. Токму затоа исхраната би требало да ја темелиме на свежи локални намирници, а да ги избегнуваме оние кои не се сезонски.

Домати
Кон крајот на летото доматите даваат максимален вкус, сочност и арома. Но ако потоа стоеле повее месеци во некој ладилник, бидете уверени дека плодовите ја изгубиле својата свежина и вкус, како и количината на ликопен. Наместо тоа одберете конзервирани пелати или сок од домати. Ако имате можност одберете тегли наполнети со органски плодови и без конзерванси.

Боровинки
Не само што се многу скапи во текот на зимските месеци, туку во нив нема баш многу витамин Ц и се подложни на скапување. Наместо тоа одберете замрзнати боровинки кои содржат речиси иста количина антиоксиданти и се здрави колку и свежите.

Праски

Летото е главна сезона за праските и тогаш се тие најсочни и најслатки, Потоа е тешко да се најдат, но ако во некој маркет сепак најдете, веројатно се дојдени од Јужна Америка.
Наместо да ги купите, подобро одберете цитрусно овошје како портокалите кои се полни со слатко-кисел сок и други витамини и минерали кои го чуваат организмот од настинки и од грип.

Свеж грашок

Грашокот е пролетна намирница и се смета за еден од најчистите градинарски плодови на пазарот. Ако наидете на грашок во текот на зимските месеци, плодовите ќе бидат брашнести и без вкус.

Наместо тоа одберете замрзнат грашак кој е набран во екот на сезоната и има вкус кој е најблизок до оној на свежиот пролетен грашок.

Пченка

Да се јаде печена или варена пченка е подбро отколку да се јаде чипс. Но свежите класови во зимските месеци се далеку од оние летни плодови кои се преполни со слатки и меки зрна. Наместо тоа одберете замрзнат производ, како што е на пример, шеерецот кој е поздрава алтернатива на свежите намирници.

Јагоди

Ако ги најдете во текот на зимата, сигурно станува збор за производ кој пола лето и цела есен стоел во некој камион-ладилник. Таквите бобинки немаат вкус и мирис на јагоди, а и хранливите материи исчезнале во текот на долготрајното складирање.
Наместо тоа одберете замрзнато шумско овошје кое е набрано во текот на неговата најголема сочност, а одично се комбинира при подготвувањето на печени деликатеси како што се питите или колачите со овошје.