Од зелениот лиснат зеленчук навикнати сме да правиме варива, да ја потпечеме брокулата, а цвеклото сме навикнати да го купуваме приготвено како готова салата. Но постојат и поинакви начини на приготвување кои се дури и препорачливи.
Кога станува збор за храна, процесот на готвење е уметност. Меѓутоа, постојат намирници за кои стручњаците тврдат дека се многу поздрави кога ги јадеме сирови. Тука главно станува збор за зеленчук каков што е црвената пиперка, лиснатиот зелен зеленчук и брокулата.
Станува збор за тоа што со термичка обработка се менува хемискиот состав на намирниците и тие многу често ги губат своите хранливи вредности.
Не треба да се заборави дека зеленчукот кој се јаде сиров треба добро, но многу добро да се измие и тоа без оглед на местото од кое го купувате.
Ова се шесте намирници кои е попаметно и повкусно да се послужат сирови.
Цвекло
Овој коренест зеленчук е идеален за додавање на боја на јадењето, но и како извор на хранливи материи, и тоа во секоја салата или вариво. Цвеклото е богато со фолна киселина која ни е нужна за обновување на клетките во телото.
За жал, со варење се „убива“ фолната киселина во цвеклото па се препорачува да се јаде сирова секогаш кога е тоа можно.
Додадете го во сендвич или во ладна салатаод тестенини, можеби же ви се допадне!
Брокула
Младата брокула е на глас како намирница која помага за намалување на канцерогените материи во црниот дроб или материите кои се поврзаи со карциномот. Имено, таа содржи сулфорафан, материја која се смета дека поттикнува синтеза на белковините кои ги штитат клетките и ги чуваат од рак. А за да го задржиме сулфорафанот во брокулата, најдобро е да ја консумираме сирова.
Црвена пиперка
Благодарение на поголемите количини на витамин Ц овој црвен зеленчук е извонреден за кревање на имунитетот. Тоа е особено корисно во зима кога телата ни се подложни на зарази.
За да го добиеме она најдоброто од пиперката, секогаш треба да се јаде сирова.
Одлично оди со сосови на база на јогурт или со хумус, а никогаш нема да згрешите ако ја ставите во салата.
Кокос
Во последните неколку години кокосот исплива како популарна и важна намирница. Од кокосово масло до млекото од кокос, тој навистина изгледа како супер храна – полн е со здрави масти кои го снижуваат холестеролот и се добри за срцето. И секако, многу е поздрав кога се јаде сиров. Користете кокосово масло или млеко во супите, сосовите и салатите, а сиров кокосов орев можете да јадете како десерт.
Лиснат зелен зеленчук
Иако повеќето од вие намирници сме навикнале да ги јадеме во варива или сварени, од спанаќ до кељ, цела низа лиснат зелен зеленчук е полна со витамини, лакна и антиоксиданси – сé што му е неопходно на нашео тело. Исто така, го подига и опоравува системот за имунитет. Сепак, за да ги искористиме сите тие здрави материи, треба да ги консумираме сирови.
Јаткасти плодови
Ако барате брзи и вкусни грицки, не барајте повеќе. Јаткастите плодови се апсолутни победници пред сите други опции затоа што се полни со здрави масти и белковини. И тоа ги подразбира сите јаткасти плодови што ги знаете – од бадеми и кикирики до ореви и лешници.
Иако се лешниците и бадемите повкусни кога малку ќе се препржат на суво, со тоасепак се губи нутритивната вредност. Освен тоа можете да ги додадете во кое било јадење и салата, одлично одат со сé, особено со суво овошје.
Фото: Pixabey