Храната би требало да ни помага во функционирањето на телото и на умот, но со оглед на бројните производи на пазарот кој би требало да ни помогнат да ја свариме, очигледно е дека нешто правиме погрешно.
Факт е дека многу луѓе денеска имаат некакви проблеми со варењето на храната што ја јадат, со некоја одредена намирница, со поспаност после јадењето, надуеност, со телесната тежина, со столицата и слично.
Ако обрнеме внимание на тоа дека храната се меша во желудникот и во цревата станува компактна каша, тогаш би требало да обрнеме внимание на тое што го јадеме, односно, на комбинациите на намирницте што ги консумираме. На пример, ако изедеме банана и потоа се напиеме кафе, тоа е исто како да ставаме солна киселина во цревата.
Еве еден едноставен експеримент: земете парченце банана и залејте го со кафе. Оставете го до попладне и потоа ѕирнете во шолјата.
Ќе најдете ферментирана, смрдлива, надуена маса која ќе набабри 3 пати од својата величина.
Зошто мислите дека истото тоа не се случува и во цревата, кадешто е топло, влажно и темно?
Бактериите сакаат такви места, а кога ќе наидат на каша како оваа, се размножуваат со брзина на светлината.
Еве кои се други некомпатибилни комбинации:
Млеко – БАНАНА, риба, диња, јогурт, кисело овошје, скроб
Јогурт – МЛЕКО, кисело овошје, топли напитоци (особено кафе и чај), риба, манго, скроб, сирење, банани
Дињи и лубеници – НЕ СЕ КОМБИНИРААТ СО НИШТО, особено не со житарки, скроб, пржена храна, сирење.
Јајца – МЛЕКО, јогурт, диња, сирење, овошје, компир
Скроб – БАНАНИ, јајца, млеко, урми
Мед – (никогаш не треба термички да се обработува) чист путер (во еднакви грамажи)
Пченка – урми, суво грозје, банани
Лимон и цитрусно овошје – јогурт, млеко, краставици, домати
Домати, модри патлиџани, пиперки, компири – Јогурт, млеко, дињи, краставици
Овошје – КАФЕ (пред/после/заедно – помеѓу овие две намирници мора да земете некоја цврста храна)
Комбинациите кои се напишани со големи букви се особено штетни. Зошто не би смееле да ги мешаме наведнеите намирници во оброк?
Затоа што имаат збунувачки ефект на нашиот систем за варење кој не може адекватно да ги обработи овие комбинации особено кога се споени во ист оброк. Со нив создаваме со време се повеќе токсини кои му пречат на варењето, не подуваат, создаваат воспалутелни процеси во цревата и со време влегуваат во циркулацијата, кога се селат во останатите органи преку лимфата и крвотокот.
Бидете внимателни и не консумирајте премногу колачи, леб, благи работи или кафе.
Според Ајурведата (наука за животот – систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во други делови од светот како форма на алтернативна медицина), храната е за човекот лек и помош. За да можеме со правилна исхрана многу поквалитетно да го минуваме животот, треба да обрнеме внимание на тоа што ни пречи од овие комбинации или можеби храната за која самите ќе забележиме и да си направиме услуга и да престанеме да ја јадеме.