Екстремната посветеност на здрава исхрана се почесто доведува до проблеми кои психолозите и нутриционистиоте го означуваат како орторексија.
Од една страна, заговорниците на здрава исхрана тврдат дека не постои причина грижата за здравјето да се етикетира како пореметување, додека праксата на нутриционистите и психолозите покажала дека опсесијата со изборот на намирници може да доведе до нарушување на здравјето, исцрпеност на организмот, појава на ирационални стравови и проблеми во секојдневниот живот.
Балансираната исхрана има големо влијание врз здравјето и лекарите од сите области го истакнуваат тоа секојдневно.
На почеток, секоја желба за правилен избор на намирници потекнува од добар мотив, но прв знак дека се појавил проблем е постепеното исклучување од исхраната на голем број на намирници, како што се одредени видови на зеленчук, млечни производи, јајца, без претходна лекарска препорака, со оправдување дека наеднаш, не се доволно здрави.
Стручњаците нагласуваат дека не е спорна потребата, ниту желбата да внесуваме одреден вид на зеленчук и овошје, туку начинот на кој таа потреба се задоволува. Има се помалку ситуации во кои личноста може да функционира, заради што често доаѓa до проблеми понекогаш дури и до судири со околината, семејстбвото и пријателите.
Доколку храната која ја бираме ни е достапна, одлуката да се храниме здраво е за пофалба. Но доколку не сме во можност да бираме, не треба да се прави паника и да се внесува нервоза. Понекогаш е неопходно да се биде флексибилен и да не се бара по секоја цена да се изеде точно одредена намирница во ситуации кога тоа не е возможно.
Сепак, стручњаците сметаат дека не би требало веднаш орторексијата да се „етикетира“ како пореметување.
Многу луѓе имаат лоши искуства заради што станале опсесивно посветени на изборот на намирници, од најразлични причини. Многу од нив се соочиле со болести или со погрешно лекување, поради што сакаат да ги земат работите во свои раце. Toа е во ред, но за да не дојде до проблеми, потребно е да се земе предвид фактот дека е штетно се она во што се губи мерката, па макар тоа да е и здравата исхрана.