Кога последен пат сте јаделе салата од репа?

Покрај бројните здравствени бенефити, репата е и истакнат борец против ракот. Некои понови истражувања откриле дека е за тоа заслужна компонентата сулфорафан. Се верува дека во иднина сулфорафанот би можел да биде составен дел од лековите против канцер.

0
720

Сигурно никогаш во животот не сте слушнале дека некому омилено јадење му е варена репа или пак салата од репа. Но, иако е прилично запоставена во однос на сите останати видови зеленчук, репата е многу здрава и секако би требало да ја вклучите во исхраната.

Репата е многу распространет зеленчук во Европа и луѓето ја користат уште од многу одамна. Таа е дел од семејството на зеленчуци како брокулата или прокељот, пребогата е со нутриенти, а сиромашна со калории. Совршена комбинација, нели?

Покрај корените, јадливи се и лисјата од репата кои исто така имаат многу здравствени бенефиции.

Нутритивни вредности. Една репа со средна големина од околу 122 гама содржи само 34 калории, 0 грама масти, 8 грама јаглени хидрати и 1 грам протени што ја прави зеленчук погоден за сите диетални програми.

Само една репа дневно ќе ви обезбеди 54 отсто од дневните потреби за витамин Ц, 8 проценти манган, 7 проценти калиум и 5 проценти Б6, фолати и бакар.

Лековити својства

Со консумирањето овошје и зеленчук од било кој вид, докажано го намалуваме ризикот од многу болести, а истражувањата покажале дека со консумирање на поголеми количини на зеленчук каков што е рапата, го намалуваме ризикот од дебелина, дијабетес, срцеви заболувања и го подобруваме општото здравје на организмот.

Лекување на дивертикулоза. Диетите богати со влакна се докажано ефикасни во лекувањето на дивертикулоза, затоа што ја апсорбираат водата во дебелото црево што го ублажува воспалението и ја подобрува работата на цревата. Ако вашата исхрана е богата со овошје и зеленчук, го намалувате притисокот и воспаленијата во дебелото црево. Една шолја варена репа ви обезбедува 4 грама влакна.

Го снижува крвниот притисок. Репата содржи супстанци кои се нарекуваат диетални нитрати. Тие имаат бројни бенефиции за кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи го и намалувањето на крвниот притисок. Покрај тоа, репата содржи и калиум за кој е познато дека го намалува крвниот притисок, го отушта натриумот од организмот и го поттикнува ширењето на артериите.

Борец против ракот. Уште во 80.години е објавена студија во која се зборува дека со консумација на зеленчуци како репата, карфиолот, зелката, се намалуваат шансите од канцерогени заболувања. Некои понови истражувања откриле дека е за тоа заслужна компонентата сулфорафан која на овие зеленчуци им дава по малку грочлив вкус.

Ветувачки резултати покажала и студијата која го тестирала сулфорафанот на повеќе видови канцерогени заболувања како што се меланом, рак на простата, панкреас и штитна жлезда. Се верува дека во иднина сулфорафанот би можел да биде составен дел од лековите против канцер.

Слабеење, детоксикација, подобрување на варењето. Бидејќи е богата со влакна, репата е совршена кога станува збор за диети, детоксикации и за подобрување на варењето. Репата носи чувство на ситост бидејќи има голема концентрација на влакна и има многу малку калории. Докажано е дека влакната го стабилизираат нивото на шеќери во крвта и ја намалуваат желбата за храна.

Влакната кои ги содржи репата исто така спречуваат запек и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт, ја регулираат работата на цревата и ги отстрануваат токсините преку столицата. Најновите истражувања потврдуваат дека диетаните влакна играат многу важна улога во јакнењето на имунитетот, ублажување на воспаленијата и болести поврзани со воспаленија како што се кардиоваскуларните болести, дијабетесот, дебелината и ракот.

Кога купувате репа, секогаш бирајте ги помалите, но прилично тешки за својата големина. Вкусот треба да биде благ и по малку слаткаст кај младата репа, затоа што како што созрева, вкусот станува погорчлив и по малку дрвенест. Обрнете внимание на лисјата кои треба да имаат свежа и светлозелена боја.

Чувајте ја репата на ладно и темно место, како и компирите, а пред употреба добр измијте ја и излупете ја. Репата може да се јаде сирова но и варена, а некои тврдат дека најдобар вкус има кога е печена.

Предлози за приготвување:

Варете ја заедно со компирите кога правите пире

Изрендајте ја и додадете ја во свежа салата или направете салата само со неа, со маслиново масло и сок од лимон

Можете да ја додадете во чорби, крем супи и гулаш, исто како и компирот.

Фото: Pixabey