Ќофтиња во рерна

0
5822

Состојки:

500 г мелено месо

1 кромид

Сол, бибер, вегета, мајоран, црвен пипер

Презли

1 лажица маслиново масло

1 јајце

Компири

Моркови

Масло

Приготвување:

  1. Ставетете го месото во еден сад и додадете му јајце, презли, 1 лажица маслиново масло, сол, бибер, мајоран и вегета.
  2. Измешајте го месото убаво и обликувајте ги ќофтињата.
  3. Наредете ги во намрсена тепсија и додадете ги компирите и морковите исечени на парчиња и зачинети со црвен пипер.
  4. Печете се заедно околу 30-40 минути.