Овие ќофтиња се само една од веге варијантите кои најчесто се прават со основа од варен грав, леќа или наут, или некоја житарка, зеленчуци и додаток од презли или овесни снегулки. Рецептот е на нашите пријатели од „Ситно сецкано“.
Состојки:
1 – 2 модри патлиџани
½ шоља сварен грав
сол
бибер
½ лажиче мешавина од зачини (црвен пипер, коријандер, ѓумбир, куркума, кардамом, кумин, пимент, чили и сушен кромид)
½ лажиче пиментон (шпански лут црвен пипер)
1 лажиче оригано
2 лукчиња, згмечени
2 лажици сончоглед
¼ шоља презла
2 лажици пченични трици
Магдонос
Приготвување:
1. Исечете ги модрите патлиџани на дебели кругови, на околу 1,5 – 2 cm, наредете ги во големо тавче врз хартија за печење, премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги да се печат во рерна загреана на 200°C, околу 20 – 25 минути, или додека не омекнат.
2. Изгмечете го гравот со вилушка. исецкајте ги модрите на помали парчиња и помешајте 2 ½ шољи со гравот. Додајте ги лукчето, зачините, презла и трици за да може смесата да се обликува, сончоглед за да има и нешто крцкаво и убаво сé измешајте.
3. Обликувајте топчиња колку оние за пинг-понг, најдобро со раце намачкани со масло и печете ги, врз хартија за печење, на 175°C околу 20 – 30 минути. добро е на средина од печењето да се превртат.