Која храна не треба да се јаде по истекот на рокот?

Свежо исцедените сокови се многу опасни ако не ги испиете брзо, најдолго за два или три дена, а месните преработки иако во својата амбалажа можат да стојат долго, штом ги отворите изедете ги во рок од 3 дена.

0
381

Кога станува збор за рок на траење на намирниците, не секогаш рокот на амбалажата е само маркетинг трик чија цел е да купуваме повеќе?

Еве кои намирници не треба да се јадат по рокот кој е напишан на нивната амбалажа:

Јајца

Свежите јајца можат да стојат во фрижидер од три до пет недели. Значи, имате доволно време за да ги потрошите. Јајцата на кои рокот им е поминат, можат да бидат токсични.

Меки сирења и кашкавали

Тврдите и постари сирења и кашкавали имаат подолг рок на траење затоа што на бактериите им е потешко да ги окупираат. Тоа значи дека можат да стојат во фрижидер и до шест месеци.

Меѓутоа, меките сирења и кашкавали (како што се рикота, фета, крем сирење…) се подложни на бактерии и би требало да се фрлат по првиот знак на расипување или по истекувањето на рокот на траење кој е истакнат на амбалажата, а тоа е околу седум дена по отварањето.

Купечки преливи

Можеби ви изгледа дека купечкиот сос или некој прелив можат да траат бесконечно, само затоа што се во стаклена тегла, но не сте во право – и тие прехранбени производи се исто така подложни на бактерии. Затоа, ако сте забележале течност која се издвоила на површината на теглата, можеби грутчиња во сосот или пак чувствувате некој чуден мирис – фрлете го веднаш.

Салати со преливи

Сите салати за кои користите сенф, мајонез, кечап и слични купели преливи, изедете ги веднаш кога ќе ги направите, најдоцна за 24 часа. После тоа, ќе ги „изедат“ бактериите.

Свежи сокови

Свежо исцедените сокови се многу модерни, но и многу опасни ако не ги испиете брзо – за два или три дена најдолго. Многу се подложни на бактерии, за разлика од преработени сокови кои се пастеризирани.

Свежо месо

Ако месото не сте го употребиле во рок од 48 часа, ставете го во замрзнувач, во спротивно ризикувате многу опасни бактерии како салмонела, ешерихија коли,…а сето тоа тешко и долго се лекува.

Месни преработки

Во својата амбалажа можат долго да стојат, но штом ги отворите изедете ги за три дена. Доколку забележите дека шунката станала леплива, дека пршутот има чуден мирис, а колбасот ја сменил бојата, фрлете ги! Месните преработки се склони кон бактерија која се вика Листерија, а која е отпорна на ниски температури па може да се размножи во вашиот фрижидер.

Риба

Како и секое друго месо, рибите се поподложни на бактерии, затоа треба да се изеде за ден или два по купувањето. Во спротивно, завиткајте ја рибата во фолија и ставете ја во замрзнувач.

Свежо зрнесто овошје

Зрнестото овошје има краток рок на траење. Малините и јагодите се јадливи само три дена по купувањето, а боровниците нешто подолго, до пет. Ако не ги изедете во тој период, замрзнете ги и избегнете ги проблемите како што се диареја, надуеност, повраќање и други симптоми на труење со храна.

Зеленило

Да, дури и ако убаво го измиете, зеленчукот како зелена салата, спанаќ, блитва…често содржат бактерија ешерихија коли. Затоа добро прочитајте што пишува на амбалажата, ако купувате спакувано зеленило и придржувајте се до тој датум.

Никулци

Никулците кои станаа модерен додаток на салатите, се одгледуваат во топли услови што ги прави идеални за размножувањ ена бактериите. Затоа, јадете ги само два дена по купувањето, а ако сте трудни или сте веќе болни, избегнувајте ги во целост.

Школки

Како и останатите морски плодови, свежите школки имаат многу краток рок на траење – ден или два, и тоа во фрижидер. Оваа храна, по истекот на рокот на употреба, може да содржи бактерија која предизвикува труење на крвта.