Која е тајната состојка за повкусен зеленчук печен во рерна?

Ја загревате рерната, го ставете внатре исечениот зеленчук и имате здрав оброк. За жал, често тој не е толку вкусен колку што би сакале. Но со оваа тајна состојка, ќе му вдахнете на зеленчукот една нова димнензија на вкусови.

0
1021
, Image: 192966352, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Шаренило и раскош во тепсијата се храна за нашите очи, но вкусот на печениот зеленчук можете да го кренете на ново ниво со една тајна состојка. Тоа е оцетот.

Вака подгответе го зеленчукот преполн со вкусови:

Зеленчукот (компири, моркови, тиквички, батат, цвекло, кромид…) измијте го, излупете го и исечете го на парчиња. Лукот исечкајте го на ситно па се распоредете на тепсија која претходно сте ја намрсиле со маслиново масло. Измијте ги зачинските билки (мајчина душица, босилек или магдонос), исечете го грубо и поросете го врз зеленчукот. Пред печењето се поросете со крупна сол и црн пипер, а потоа попрскајте со оцет.

Киселината на оцетот ќе испари и ќе остави интензивен вкус кој ќе ги истакне вкусовите на различните видови на зеленчук кои сте наумиле да ги испечете.