Популарните диети доаѓаат и си одат побрзо отколку што се менуваат годишните времиња. Сепак, некои планови на исхрана, какви што се Медитеранската, LCHF и DASH, се задржуваат и редовно, од година во година се наоѓаат на лисата на најпопуларни диети.
Минатата година без сомнеж била година на кето/LCHF исхрана. Но оваа година приматот би можел да го преземе нова диета! Меѓу новите трендови како една од најпопуларните е диетата Noom.
Повеќе од 47 милиони луѓе ширум светот ја симнале и ја користат оваа апликација, а на врвот е и на најпопуларнитедиетина годишниот преглед на Гугл за 2018. година.
Што е точно Noom диета?
Noom е апликација за мобилен и за таблет чиј фокус е создавање на промени во однесувањето околу изборот н храна иначините навежбање. Корисниците ја преземаат апликацијата и пополнуваат прашалник за својата тежина, цели и минати искуства со диети. На основа на овие одговори добиваат 16.неделен персонализиран план за исхрана и вежбање, а со тоа и сертифицира здравствен тренер им помага во остварувањето на нивните цели. Исто така, апликацијата се користи за следење на дневните активности по прашањето на вежбањето и внесувањето на храна.
Noom се фокусира на умереност со режим које иснпириран од боите на семафорот.
Намирниците со ниска калорична вредност се „зелени“ и би требало да сочинуваат поголем дел од вашатаисхрана. „Жолтата“ храна може да се јаде умерено, а „црвените“
ставки треба да се кнсумираат штедливо.
Примери за секоја категорија:
ЗЕЛЕНА
Јаболки
Кафе
Белки
Немасен јогурт
овесна каша
Обрано млеко или млеко од јаткасто овошје
Батат
домати
Зелен лиснат зеленчук
Тиквици
Модри патлиџани
Цитрусно овошје
Зрнесто овошје
Кељ, зелка, карфиол, брокула…
ЖОЛТА
Авокадо
Мешунки
Јајца
Месо од пердувести животни на жар и морски плодови
Хумус
Сирење со помал процент на маснотии
Квиноја
Интегрален ориз
Булгур
Јаткасто овошје
Пиво
ЦРВЕНА
Јунешко
Свинско
Колачи и слатки
Пржени компири
Полномасни сирења
Пица
Вино
Кодирањето на бои ги зема предвид и квантитетот и квалитетот на храната. Но, дури и за црвените намирници има место во секојдневниот внес на калории.
Оваа стратегија на „сѐ е дозволено“, им дозволува на корисниците на диетата да ја избалансираат храната која им е нутриционистички потребнаи да останат сити додека ги остваруваат своите цели во губењето на тежината.
Од лицата кои ја симнале апликацијата се очекува секој ден да ги внесуваат сите свои оброци и да вежбаат одредена количина на време. Исто така, апликацијата дава кратки информации за исхраната, за фитнес, здравје и за велнес.
Интересен податок е дека Noom ги согледува вообичаените психолошки препреки за губење на тежината и ги учи корисниците на здрави навики со кои можатдолгороно даја задржат постигнатата пониска килажа.. Исто така, апликацијата нуди и интерактивни опции како што се дневби квизови и комуникација со здравствениот тренер.
Истражувањето објавено во Scientific Reports кое опфатило дури 35.921 учесници, открило дека 77,9 отсто од нив изгубиле тежина додека ја коистеле апликацијата.
Апликацијата не е баш ефтина; цените почнуваат од 45 долари месечно.
Фото: Pixabey