Состојки:
5 лажици путер
250 г несолена урда
Прстофат сол
2 јајца
140 г брашно
650 г кајсии
60 г шеќер
100 г презли
Приготвување:
Растопениот путер замесете го со урдата, јајцата и брашното за да добиете меко тесто. Обликувајте го тестото во топка и оставете го покриено да мирува околу 30 минути.
Кајсиите измијте ги, избришете ги, извадете ги семките и ставете ако сакате внатре по малку шеќер.
Зовријте 3 литри солена вода. Тестото од сирење расукајте го на дебелина од 1 цм и исечете квадрати со големина од 5 цм. Секоја кајсија завиткајте ја во парче тесто и обликувајте топче. Варете ги топчињата во зовриената вода 8-10 минути.
Презлите пропржете ги со шеќер на путер и поросете ги кнедлите.