Киш Лорен со кашкавал

0
450

Состојки:

(за тркалезен сад за печење од 26 цм)

За тестото:

250 г брашно

120 г путер

½ лажичка сол

1 жолчка

Брашно за поросување

Путер за подмачкување

За филот:

150 г павлака

3 јајца

1 жолчка

Прстофат рендано морско оревче

Црн пипер

Сол

200 г рендан кашкавал

Приготвување:

  1. Ставете го брашното во чинија. Исечете го путерот на парченца и ставете го во брашното. Додадете ги солта, жолчката и по потреба 1-2 лажици вода. Замесете го тестото, обликувајте топка, завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја на 30 минути во фрижидер.
  2. Дното од садот за печење подмачкајте го со путер. Загрејте ја рерната на 180 степени. Развлечете го тестото тенко и преместете го во садот за печење, а рабовите од тестото подигнете ги на висина од 5 цм. Избоцкајте го тестото со вилушка и ставете го да се пече околу 50 минути. Извадете го тестото од рерна и оставете да се олади.
  1. Во меѓувреме подгответе го филот. Павлаката изматете ја со јајцата, жолчката, морското оревче, црн пипер и сол. Ставете го ренданиот кашкавал врз тестото, па прелијте со смесата со павлака печете уште 20 минути.