Состојки:
За тестото:
200 г брашно
Малку сол
90 г омекнат путер
70 мл вода
За филот:
200 г сува сланина
2 јајца
2 жолчки
200 мл павлака
200 мл mleko
Сол
Црн пипер
Морско оревче
Приготвување:
- Ставете ги брашното и солта во сад за месење. Додадете го путерот и со прсти замесете зрнесто тесто. Додадете вода и брзо измешајте. Замесете меко тесто кое не смее да биде лепливо. Развлечете го на дното од калап за печење тарт или во обична тркалезна тепсија со пречник од 28 цм.
- Исечете ја сланината на коцкички и распоредете ја врз тестото. Спојте ги во чинија останатите состојки, зачинете по вкус и ставете ја смесата во калапот.
- Печете на 180 степени 45 до 60 минути.