Ким: силен зачин со антиканцерогено дејство

0
677

Кимот е првенствено одгледуван во источниот Медитеран, а поради едноставното одгледување и лесното адаптирање на разни климатски услови, сега успева ширум светот – од Мексико, преку Иран до Далечниот исток.

Билката дава јадливо зачинско семе кое се суши на сонце.

Како и со повеќето зачини, подобро е да купите цело семе ким и сами да го смелете затоа што тогаш има посилна арома. Кимот е богат со железо, калциум, магнезиум и диетални влакна. Добар е за варењето и помага да се ослободиме од гасовите во стомакот и цревата и ја помага апсорпцијата на минерали.

Се препорачува после оброкот да се испие шолја чај од ким кој се приготвува такашто 1 лажичка ким ќе додадете во шолја зовриена вода и ќе ја оставите да отстои 10 минути. Се цеди и се пие.

Во потоплите месеци помага да се ослободиме од вишокот вода во телото затоа што делува како благ диуретик. Некои студии покажуваат дека кимот има антиканцерогено дејство, посебно кај туморите на црниот дроб и стомакот. И традиционалната кинеска медицина ја препознава моќта на кимот да го поттикне варењето на храната.

Кимот добро се комбинира со останатите зачини како што се коријандерот, коморач, куркума, сушен ѓумбир, алева пиперка и цимет.

Еве како можете да го употребите во вашата кујна:

направете го популарниот индиски напиток lassi“ за крај на јадењето:

Во блендер измешајте една шолја кефир, 1 шолја млака вода, 1/4 лажичка морска сол и прстофат мелен ким.

Вкусот на печен мелен ким одлично оди со леблебија, леќа и разни видови грав.

За оние кои сакаат куто, направете свое зачинето маслиново масло; во пола литар маслиново масло додадете лажичка печен ким, 1 исечкано суво луто пиперче и 2-3 цели.

Додавајте го во своите омилени рецепти за леб.

Збогатете ги со ким преливите за пролетните и летните салати. Една од идеите е да измешате 1/4 шолја маслиново масло со сок од пола лимета, 2 лажички мед и прстофат мелен ким и сол. Наместо лимета можете да употребите и некој домашен овошен оцет.

Фото: Pixabey