Кифли мејд ин мојата кујна

Ако ви е полесно да замесите кифли со квасец кои треба да ги чекате барем 20 минути да нараснат и уште толку за да се испечат, наместо да одите да си купите леб, мора да имате голем проблем. Потоа ќе имате и големи кифли

0
270

Ако ви е полесно навечер во време кога сите нормални веќе мијат заби, се тушираат или се подготвуваат за утрешниот работен ден, да замесите кифли и да ги чекате да нараснат и да се испечат, наместо да одите со време да си купите леб за отсабајле, мора да не ви се сите овци на број!

Како и да е, за овие големи вкусни кифли, ви требаат:

1 килограм брашно (можете да измешате бело и пченкарно)

500 мл млеко

100 мл стопен путер

1 лажичка сол

2 лажички шеќер

1 сув квасец

1 лажичка сода бикарбона.

По желба: 1 јајце за премачкување, малку сусам за поросување.

Приготвување:

Замесете тесто од сите состојки (млекото нека биде млако, а путерот стопен па малку подизладен) и оставете го тестото покриено со чиста крпа да нарасне 20 минути.

Потоа земајте по малку од тестото, правете топчиња и развлекувајте ги во мали кори кои потоа ќе ги завиткате во форма на кифли.

Премачкајте ги со изматено јајце и поросете ги со сусам и печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Покријте ги со крпа и одете легнете си!