Кекси со лаванда и кора од портокал

Од денеска почнуваме со објавување на рецепти за празнични колачиња и кекси кои обично се подготвуваат во овој период од годината во различни делови од светот

0
572

Рецептот за овие колачиња потекнува од Шкотска, а првиот познат рецепт за нив потекнува уште од дамнешната 1736.година. Познати се како shortbread кекси и се јадат токму во овој период околу Божик.

Овие колачи се печат на пониска температура и треба да останат светли. Не ги допирајте додека се уште жешки затоа што може да се искршат, со оглед на тоа што не содржат јајце кое ќе ги држи поврзани. Почекајте додека потполно не се оладат.

Состојки:

100 г шеќер
200 г путер
300 г брашно
2 лажици цвет од лаванда

Кора од портокал
По желба: ситно исечкани ф‘стаци за поросување
Крупна сол

Приготвување:

  1. Помешајте ги шеќерот и путерот и додадете ги брашното и раздробената лаванда и кората од портокал.
  2. Замесете го тестото и ставете го во форма на ролат во проѕирна фолија па оставете го половина час во фрижидер за да се стврдне.
  3. Загрејте ја рерната на 170 степени. Ролната тесто исечете ја на тркалца кои ќе ги распоредите врз хартија за печење. По желба на секое тркалце ставете по 2-3 зрна крупна сол или ситно исечкани ф‘стаци.