Кардиолозите предупредуваат: Овие намирници се најлоши за срцето, а често ги јадеме

Ако сакате вашето срце и кардиоваскуларниот систем да бидат здрави во годините што доаѓаат, внимавајте на внесувањето на оваа храна.

0
2590

Храната за здраво срце содржи хранливи материи за кои се покажало дека се добри за кардиоваскуларниот систем, го намалуваат ризикот од развој на срцеви болести со снижување на „лошиот“ LDL холестерол и триглицеридите во крвта, ја контролираат тежината и/или ја подобруваат чувствителноста на инсулин, велат стручњаците.

Омега-3, калиум, калциум, магнезиум, влакна, фитонутриентите и антиоксидансите се најдобар избор правејќи ја медитеранската исхрана врвен избор за оние кои сакаат да го одржат или подобрат здравјето на срцето.

А знаете ли кои намирници се најлоши за срцето? Еве што велат стручњаците:

  1. Преработено месо– дури и оние верзии на суво месо со ниска содржина на масти содржат конзерванс натриев нитрат, а нитратите можат да го зголемат внатрешното воспаление, а хроничното воспаление има директна врска со развојот на атеросклероза.
  2. Хот дог– можат да бидат богати со заситени масти. Дури и опциите со низок процент на масти знаат да имаат многу сол. Важно е да се биде внимателен со внесувањето на натриум, затоа што вишокот често доведува до покачен притисок.
  3. Купечко печено пилешко– тие често содржат повеќе натриум и заситени масти.
  4. Кечап– можеби не сте помислиле на тоа, но и кечапот содржи многу сол и треба да се внимава колку се консумира ако имате проблеми со срцето.
  5. Сол– според препораките на СЗО возрасните не би смееле да консумираат повеќе од 2300 мг натриум на ден, што е околу 1 лажичка сол.
  6. Прелив за салата– многу немасни преливи се презаситени со шеќер.
  7. Житарки полни со шеќер – ако има повеќе од 8 грама шеќер по порција, подобро прескокнете ги, советуваат стручњаците.
  8. Покувано пилешко– стара препорака е да се избегнува пржење панираи намирници во длабоко масло. Намирниците впиваат доста масло па не чуди податокот дека пржената храна може да содржи дури 75 отсто масло. Со оглед на тоа што консумирањето пржена храна ја зголемува застапеноста на мастите во исхраната, тоа како начин на термичка обработка не е никако препорачливо за оние кои треба да го ограничат внесувањето на масти.
  9. Помфрит– преголемото консумирање е поврзано со ризик за хипертензија и дијабетес тип 2, како и за болести на срцето.
  10. Чипс– содржи малку влакна и протеини, но затоа е полн со натриум. Уште една загрижувачка работа е холестеролот, затоа што овие солени залачиња се пржени во најсмртоносниот тип маснотии – транс маснотии.
  11. Капари– само една лажица содржи 400 мг натриум.
  12. Овошни јогурти– подобро е да купите обичен јогурт и да додадете свежо овошје.
  13. Маргарин– маргарините за готвење содржат многу т.н. трансмасти кои придонесуваат за зголемување на нивото на штетниот холестерол. Бројни студии го поврзале со зголемениот ризик од срцеви болести и рак.
  14. Крофни– трансмастите можат да го зголемат ризикот за срцеви болести.
  15. Кекси–една од основните состојки на пакуваните кекси е хидрогенизираното растително масло богато со транс-масти и заситени масти. Некои студии ги поврзуваат со срцевите болести, други со дебелината и дијабетесот, но секоја студија ја потврдува нивната штетност.
  16. Купечки енергетски плочки – често имаат премногу шеќери па најдобро е да ги направите сами.
  17. Црвено месо– се покажало дека консумирањето црвено месо го зголемува кардиоваскуларниот ризик. Во споредба со белото месо или вегетаријанските извори на белковини, црвеното месо го поттикнува телото да произведува повеќе цревни бактерии триметиламин N-оксид (TMAO). Големи количини на TMAO во телото се поврзани со зголемен ризик од срцев и мозочен удар.
  18. Бел леб– едно италијанско истражување покажало дека жените чија секојдневна исхрана содржи поголеми количини бел леб, бел ориз, пица и слични намирници полни со едноставни јагленохидрати се повеќе од двојно склони кон развивање на срцеви болести.
  19. Бел ориз– прерабтените јагленохидрати ги зголемуваат маснотиите на стомакот, што е фактор ризик за дијабетес и коронарна болест.
  20. Енергетски пијалоци– лекарите ги предупредуваат лицата со висок притисок да бидат внимателни и добро да просудат дали им е потребе енергетски напиток, со оглед на тоа што зголемениот притисок го попречува ритамот на срцето.
  21. Газирани напитоци– научните истражувања покажале дека „само“ едно до два пијалоци дневно го зголемуваат ризикот за појава на бројни здравствени проблеми. Меѓу нив, покрај дебелината, се вбројуваат шеќерната болест, кариесот, срцевите болести, недостатокот на некои хранливи материи во организмот, проблеми врзани со нервниот систем…
  22. Алкохол– треба да се биде умерен, но ако страдате од висок притисок или знаете дека имате триглицериди, тогаш алкохолот може да го зголеми ризикот за болести на срцето.  Фото: Unsplash