Соодносот на состојките одредете го според сопствените желби, во зависност од количината што сакате да ја добиете. Сепак, при приготвувањето на крамелот придржувајте се до соодносот од ве шолји шеќер на ½ шолја вода за да не излезе премногу густ или премногу течен. Можете да додадете и малку сол за да бидат вкусовите поинтензивни. Можете да го чувате во стаклен сад и до една недела, но веројатно ќе ги снема многу побрзо.
Состојки:
2 шолји шеќер
½ шолја вода
Малку сол
Јаткасти плодови
Приготвување:
Приготвувањето е едноставно. Потребно е да приготвите само течен карамел, да ги потпечете јаткастите плодови и да ги прелиете со карамел. Оставете да се стврднат и искршете на помали парчиња.