Викендов се омажи поп-пејачката Каролина Гочева со своето неколку години помладо момче, уметникот Михаил Корубин. Најпознатата македонска пејачка рече „да“ во еден од воените хангари на Стенковец кој беше преуреден за оваа пригода. Младенците и големиот број гости ги забавуваа колегите музичари и пејачи на Каролина. Се разбира, свадбата не е свадба ако младенците не ја пресечат заедно и свадбената торта.
А нивната изгледаше вака:
Инаку, Каролина беше во преубава венчаница од тантела, а Михаил во темен костум.
Каролина објави фотографија од венчавката на Инстаграм, а мајката на младоженецот, дизајнерката Лиле Корубин ја објави радосната вест на Фејсбук.