Како секогаш успешно да го приготвите бататот во сите варијанти?

0
453

Варен батат

Ова е наједноставната метода за подготвување на батат и прв чекор за правење на кремаво слатко пире. Во голем лонец загрејте ја водата до вриење па додадете го бататот. Варете околу 10 минути, оладете и сервирајте го цел или како пире.

Пржење во тава

Одличен начин да го карамелизирате слаткиот компир, а особено ако сакате да добиете екстра вкусови со кромид и зачини. За подобар резултат користете масло со висок степен на вриење како што е кокосовото масло. Загрејте ја тавата и додадете лажица масло. Додадете го сечканиот батат и крчкајте повремено мешајќи. Ќе ви требаат околу 15-тина минути, посолете и забиберете.

Сладок компир од рерна

Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете алуминиумска фолија на тепсијата. Ставете го исечканиот батат и зачинете го со масло и по желба, со сол и со бибер. Печете околу 20 минути и барем еднаш срвтете ги и од другата страна за да се испечат рамномерно.