Како се пошираат јајца и со што се служат?

0
776

Ако сте слушнале само за варени и за пржени јајца, време е да ја научите техниката на поширање.

Поширањето јајца е згрутчување во закиселена врела вода. Постапката е многу едноставна – водата во садот треба да зоврие, се додава една лажица оцет и потоа се спуштаат скршените јајца. Тие набрзо се „згрутчуваат“ и се готови. Се вадат со голема лажица со дупчиња како цедалка. Се служат со супи и со топли предјадења.