Како преку исхраната да се намали ризикот од рак на дојка

Можеме да имаме контрола над нашето здравје секогаш кога ќе ставиме нешто во уста, затоа што постои цела низа намирници богати со антиканцерогени материи кои ги забавуваат па дури и ги спречуваат сите развојни фази на ракот.

0
533

Често мислиме дека канцерот е болест која е предодредена од генетски фактори и дека самите немаме влијание врз развивањето на неговите клетки во организмот.

Но вистината е дека можеме да имаме контрола над нашето здравје секогаш кога ќе ставиме нешто во уста, затоа што постои цела низа намирници богати со антиканцерогени материи кои ги забавуваат па дури и ги спречуваат сите развојни фази на ракот.

Ракот на дојка е најчест облик на рак кај жените, а секоја година се дијагностицираат повеќе од 200 000 нови случаи на инванзивен рак на дојка. Сепак, ризикот од неговото настанување може да се намали.

Пред сѐ, се препорачува намалено внесување на алкохол – студиите покажуваат дека само еден алкохолен пијалок дневно го зголемува ризикот од рак на дојка и до два пати во однос на жените кои никогаш не пиеле.

Стручњаците веруваат дека алкохолот го зголемува нивото на хормони поврзани со ракот на дојка. Некои стручњаци исто така препорачуваат и намалување на изложеноста на ксеноестрогени што може да доведе до пореметување на работата на хормоните во организмот. Намирниците третирани со пестициди можат да бидат извор на ксеноестрогени во вашата исхрана, такашто изборот на намирниици од органско призводство е секогаш добра стратегија при превенцијата од рак.

Некои од специфичните намирници кои се покажале ефикасни во намалувањето на ризикот од настанок на рак на дојка се:

Маслиново масло

Заменете го рафинираното масло со екстра девствено маслиново масло. Истражувањата покажале дека жените кои користат маслиново масло во својата исхрана имаат помал ризик од рак на дојка, како и рак на дебелото црево. Една од причините зошто растителното масло треба да се замени со маслиново е фенолното соединение олеоканатал. Во лабораториски студии ова хемиско соединение покажува силни анти инфламаторни својства, го забавува растот на клетките на ракот и индуцира смт на настанатите канцерогени клетки.

Лосос

Бирајте риби богати со омега-три масни киселини. Помасните риби како сардините или лососот можат да го забават растот на туморот на дојки благодарение на високите нивоа на овие корисни масти. Лососот е исто така богат со витамин Д, кој е исто така поврзан со намален ризик од рак на дојки.

Печурки

Студиите покажуваат дека жените кои ги вовеле печуркте во својата исхрана биле околу 66 отсто помалку подложни на настанок на рак на дојка. Нивното антиканцерогено дејство се заснива на присуството на  супстанцата која го блокира производството на естрогени. Докторите сугерираат да се одлучите за азиски сорти на печурки како што се шитаке или маитаке. Имајте на ум дека печурките е секогаш потребно да се обработат термички затоа што во сирова состојба можат да содржат супстанца која го промовира растот на канцерогените клетки.

Зелен чај

Време е да се запознаете со мача чајот. Само една шолја од овој чај дневно е поврзана со намален ризик од сите видови рак. За антиканцерогените својства на зелениот мача чај се заслужни полифенолите кои на сите лабораториски истражувања се покажале ефикасни во забавувањето на растот на ракот и спречувањето на развојот на неговите клетки. Во однос на класичниот зелен чај, мача чајот може да содржи и до 10 пати повеќе полифеноли затоа што на овој начин консумирате здробени листови од зелениот чај.

Лен

Благодарение на влакната, ленот може да ви помогне и за регулирање на телесната тежина. Лененото семе содржи полифеноли под називот лигнани кои се сметаат за фитоестрогени (билни естрогени). Лигнаните од семките лен или од лененото масло можат да го забават растот на туморот и ширењето на естроген рецептор позитивниот (ER+) и естроген рецептор негативниот (ER-) рак на дојка.

Фото: Pixabey