Како на брзина да изедете нешто здраво

Фрлете поглед на овие пет едноставни совети и почнете подобро да се храните и покрај вашиот луд распоред

0
166

Здравата исхрана најчесто се занемарува со изговори дека „немаме време“ или „кој ќе го готви сето тоа“, но планирањето однапред и информирањето за тоа што го јадее може да ви помогне во одржувањето на здрав начин на исхрана.

Со овие пет совети сѐ ќе биде поедноставно, а вашата исхрана битно поздрава:

Не ги прескокнувајте оброците. Во текот на работниот ден можеби сте пропуштиле оброк или два, а знаеме дека тоа може негативно да влијае врз нивото на шеќер и глукоза во телото, па дури и да доведе до дебелеење. Гладувањето може да придонесе за нерамнотежа на шеќерот во крвта, што резултира со силно чувство на глад и подоцна до прејадување. На вашето тело му треба постојан доток на „гориво“ за да може да функционира правилно.

Не го прескокнувајте појадокот. Паметниот појадок е клучен за одржување на здравата тежина и целокупното здравје. Изборот на здрав оброк наутро ќе ви помогне да го исконтролирате апетитот и да го спречите подоцнежното прејадување. Има многу здрави опции за појадок, а ви препорачуваме овесни снегулки и јогурт.

Носете здрави грицки со себе. Наместо нездрави грицки кога ќе добиете напад на глад, направете си сопствен микс и понесете си го со себе. Едноставно, во една хартиена кесичка или во некој сад измешајте ги вашите омилени состојки (јаткасти плодови, суво овошје или семки) и кога ќе ве нападне гад, имајте спремен избор.

Обрнете внимание на содржината на шеќер. Дебелеењето, срцевоте болести, дијабетесот и уште многу други болести се наоѓаат на листата на здравствени проблеми поврзани со консумирањето на премногу шеќер. Проверете ги состојките пред да купите некој производ, јадете намирници богати со протеини за одржување на ситоста и кога ќе ве фати криза за шеќер, земете некое овошје.

Приготвување на јадењето однапред. Клуч за здрава исхрана е планирањето однапред, но приготвувањето на оброците секоја вечер за следниот ден може да одземе многу време. Одберете една или две вечери неделно и згответе неколку јадења кои ќе ви потраат цела недела. Така секогаш ќе имате спремно нешто здраво, па дури и кога сте во теснец со времето.

Фото: Pexels