Кога станува збор за чување на храната, замрзнувачите се нашите најдобри пријатели. Но, ако знаете пред да готвите дека ќе ја замрзнувате храната, можеби ќе сакате да ги направите работите малку поинаку. Еве неколку практични совети и трикови за да бидете сигурни дека вашата замрзната супа ќе биде вкусна како и на денот кога сте ја направиле.
Изладете ја
Ставањето топла супа директно во фрижидерот може да ја затопли вашата веќе замрзната храна. За да ја разладите побрзо ставете го садот со супата во мијалникот наполнет со ладна вода и мешајте ја одвреме навреме. Поделбата на супата на помали порции пред да ја замрзнете, исто така, ќе помогне да се забрза процесот.
Поделете ја во порции
Распоредете ја супата во индивидуални порции кои ќе бидат вашиот брз оброк. На пример, замрзнете ја супата во четири одделни пластични или стаклени садови со капак и ќе имате совршена порција кога сакате само еден оброк.
Одвојте ги тестенините и житарките
Тестенините и житарките кои се во супата ќе впијат од течноста и малку ќе омекнат па ако ги сакате Ал dente, згответе ги и замрзнете ги одделно од супата и пред да ги послужите додадете повеќе од супата.
Без млечни производи
Млечните производи имаат тенденција да се одделат и да станат зрнести кога ќе се замрзнат и кога потоа се топлат. Затоа, не ги ставајте во супата пред да ја замрзнете, но запишете на садот за замрзнување колку да додадете по загревањето, за да не мора тогаш да го барате рецептот.
Направете го зеленчукот Ал dente
Згответе го вашиот зеленчук само малку и нека ја задржи цврстината. Ќе биде совршен во вашата чинија за вечера, кога ќе се одмрзне и ќе се стопли.
Етикети, етикети, етикети
Храната може да исчезне во замрзнувачот како да е во Бермудскиот триаголник. За да се минимизира мистеријата, залепете етикета со името на супата, на рецептот, датумот на кој е направена и со инструкции за финиширање на оброкот затоа што сигурно нема да се сеќавате каде сте застанале.
Не ги ставајте додатоците
Не ги ставајте внатре пред замрзнувањето сечканите свежи зачини или јаткастите плодови бидејќи при замрзнувањето свежите билки го губат вкусот, а јаткастите плодови својата крцкавост.