Кога треба да се приготвува риба, секогаш имаме на ум дека долго потоа ќе мора да се ветрее за да излезе миризбата која на повеќето луѓе не им е многу пријатна. Особено интензивен е мирисот на речните риби и на оние од рибниците, а кај нас најчесто се подготвуваат токму последниве.
За да го спречите мирисот на риба, пред да почнете да ја подготвувате ставете ја неколку часа во млеко. На тој начин, протеините од млекото ќе се спојат со оние соединенија кои го предизвикуваат мирисот на рибата и го извлекуваат од неа. Така рибата повеќе нема да има интензивна миризба на риба, туку по малку сладникав и свеж мирис.
Уште еден начин за да го намалите овој мирис е пред да почнете да ја подготвувате рибата да ја накапите си свеж сок од лимон. Лимонот ќе ги извлече непријатните мириси, а рибата ќе остане свежа и ќе има подобар мирис.