Како да се јаде сезонска храна?

0
538

Иако има голем број на намирници и сите ни се достапни во секое време, сепак паѓаме во некаква рутина па обично јадеме иста храна. Но кога би јаделе сезонски како што тоа се правеше на времето, сигурно би јаделе и поразновидна и поздрава храна.

Имено, не е секоја намирница достапна секогаш, доколку се одгледува на природен начин.

Затоа, прво што треба да направите е да најдете луѓе кои самите одгледуваат храна на природен начин. Такви можете да најдете лесно на пазарите и тезгите, а тие сами ќе ви кажат дали се препродавачи или пак самите ги одгледуваат производите што ви ги нудат.

Ако имате услови, се разбира, најдобро е самите да си го одгледувате барем она овошје и зеленчук кои најчесто ги употребувате.

Гответе со намирници кои се сезонски, иако тоа нзачи дека некои јадења ќе ги јадете само во одреден период од годината.

Ако пак саката да уживате малку подолго во сеознките намирници, подобар избор од оние свежи скапи намирници кои ги има во сите поголеми маркети, се оние замрзнатите во вашиот замрзнувач. Значи, купете додека се уште ги има на пазарите во малку поголема количина, направете зимница и уживајте.