Состојки:
Јагнешко месо (оваа количина е за 2 кг месо)
4-5 гранчиња свеж рузмарин
Маслиново масло
Сол, црн пипер
1 чаша црно вино
4-5 чешниња лук
1 шишенце сладок чили сос (го има во големите маркети)
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 150 степени.
- Месото ставете го во садот за печење и засечете на него 7-8 резови и во нив боцнете гранчиња рузмарин (исечкани на помали парченца); накапете го месото со маслиново масло и поросете го со крупна морска сол. На дното од садот истурете чаша вино и лукчето. Покријте го садот со капак и ставете го во месото во рерна да се пече околу 3 часа.
- Извадете го и тргнете ги гранчињата рузмарин и залијте го месото со чили сосот па печете уште 30 минути, додека не добие убава боја.