Како да останеме тенки, а секојдневно да се храниме со бел леб и путер?

Едно прашање кое многумина од нас сме си го поставиле барем еднаш е и она за Французите, а особено за Французинките: Како тие остануваат тенки без притоа воопшто да се трудат околу ова?

0
711

Сигурно сте се запрашале барем еднаш во животот како Французите, иако добро се хранат и кога ќе помислиме на Франција не можеме а да не помислиме на францускиот леб со путер и на француското сирење, успеваат да останат витки.

Луѓето кои имале можност да поминат подолго време во Франција, живеејќи и дружејќи се со локалните жители, тврдат дека ја откриле нивната тајна за виткост.

Еве што велат тие:

Мали порции

Како што Миреј Гуилиано забележала во својата најпродавана книга, француските жени не се дебелеат, Французите јадат во мали порции. Тие ја густираат храна и јадат полека, користејќи соодветни манири на трпезата.

Исто така, оброците во Франција се повеќе настан отколку нешто што треба да се направи набрзина. Французите ретко јадат стоејќи и обично поставуваат убава маса, а потоа седнуваат и уживаат во бавен, лежерен оброк.

Свежа, органска храна

Французите пазарат два пати неделно, а производите што ги купуваат се локални и свежи. Европејците генерално, ѝ даваат поголема предност на сезонската храна. Крупните цреши во јуни се слатки и сочни, но во февруари? Не толку многу. Сите производи се повкусни во периодот кога е нормално да растат во природни услови.

И кај Французите нема лажни работи – нема Стевиа, нема диетална сода, нема замена за путер. Јадењето на природна храна е подобро за вас.

Уживање и препуштање на малите задоволства

Французите уживаат секојдневно во тост, багет и Нутела, порции сирење, месо варено со путер и во чоколадо. И покрај сето ова, успеваат  да останат тенки.

Ова е поради начинот на кој Французите уживаат во мала количина од нешто многу вкусно наспроти големите порции од нешто просечно.

Уживајте во мали, висококвалитетни порции и ќе бидете многу позадоволни.

Контрола на штетата

Друг начин на кој Французите остануваат тенки? Внимателно ја следат контролата на направената  штета.

Французите, особено француските жени, внимателно ја регулираат нивната тежина. Ако се добијат со неколку килограми, тие брзо интервенираат.

Исто така, ако еден ден за време а оброкот јаделе крем бруле, следниот ден ќе јадат лесна салата. Станува збор за контрола и за баланс.

Супа и салата

Французите се храат со нискокалорична, но храна која ќе ве засити, како супа и салата. Ручекот често е супа или салата, додека вечерата е потежок оброк. Овие прехранбени продукти ќе ве заситат и брзо ќе се чувствувате сити, но нема да ве здебелат.

Активен животен стил

Повеќето француски луѓе никогаш намерно не вежбаат – дури знаат да се забавуваат на сметка на некој (како што беше случајот со поранешниот претседател Саркози) што има навика да џогираат. И иако тие не се измачуваат на овој начин, тоа не значи дека не се активни. Французите се многу активни со тоа што редовно пешачат насекаде и ретко ги употребуваат автомобилите.

Фото: Pixabey